Вардар го официјализираше Патрик Валчак

0

Ракометниот клуб Вардар денес и официјално го промовираше Патрик Валчак како нов играч во таборот на „црвено-црните“.

Репрезентативецот на Полска кој игра на позицијата кружен напаѓач потпишал договор со нашиот и актуелен шампион на Европа на период од две години, а ќе го носи дресот со бројот седум. Поранешниот ракометар на Киелце доаѓа во Скопје од втората германска Бундеслига, каде настапуваше за Туш Либек.

Од Вардар досега се промовирани Анте Гаџа, Јосип Векиќ, Гоце Георгиевски, Филип Талески и Марко Вујин, додека во наредните денови пред почетокот на подготовките треба да биде ставен потпис на договорот со средниот бек Ловро Јотиќ.

Share.

Leave A Reply