Вардар го освои Суперкупот

0

Македонскиот ракометен првак Вардар го освои првиот трофеј на стартот на новата сезона, откако денеска го совлада тимот на Еурофарм со 30-25 во Суперкуп пресметката во „Јане Сандански“.

Очекувано, Вардар рутински дојде до победата, иако на мечот немаше голем дел од своите носители на играта. Еурофарм доби шанса да одигра силен меч, но квалитетот на противникот дојде на израз уште во првото полувреме кое го доби со 7 голови разлика (19-12).

Најдобри ракометари во победничкиот состав беа Кристопанс, Кањељас и Шишкарев со по четири гола. Кај Еурофарм Работник Ојлески постигна осум гола, а Мајнов додаде шест.

Share.

Leave A Reply