Вардар го победи Пик Сегед и чекори кон првата позиција

0

Ракометарите на Вардар имаат уште два натпревари до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, а по денешната победа против Пик Сегед од 34:30 се зацврстија на лидерската позиција во во групата А.

Бранителот на титулата го искористи вчерашниот пораз на Нант во Загреб и сега има три бода предност пред конкуренцијата. Во првиот дел се играше изедначено, а екипата на Вардар не успеа да направи поголема предност, дури во финишот дојде до водство од два гола разлика (16:14) со кој резултат отидоа на одмор двете екипи.

Победникот беше одлучен во последните пет минути од второто полувреме , кога македонскиот шампион одигра поквалитетно и максимално ја искористи играта на противникот без голман.

Ова беше нова победа на Вардар со која се зацврстија на првата позиција со 20 бодови пред Нант кој има 17 бодови на две кола пред крајот.Најдобар поединец кај победничката екипа беше Дибиров, кој постигна 11 гола со реализација 11/12. Втор на листата на стрелци кај Вардар беше Циндриќ со шест погодоци, а исто толку постигна и Сршен кај Пик Сегед..

Share.

Leave A Reply