Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе бидат дел од финалето на Лигата на шампионите.„Вардарки“ во полуфиналето ја совладаа екипата на Ростов Дон со 25:19 и на тој начин обезбедија уште еден настап во големото финале.
Противник на Вардар во утрешното финале ќе им биде ланскиот противник и должник, домашната екипа на Ѓер.
Вардар одлично го започна натпреварот и уште во првите минути направи предност од 4:2, резултат кој стоеше на семафорот неколку минута, а потоа со серија на погодоци дојдоа до предност од 7:4, за на крајот на првиот дел на одмор заминат со резултат 10:7.
Во второто полувреме Вардар играше уште подобро и по неколку грешки на противникот имаше предност и од 15:9. Ракометарките на Вардара во последните 15 минути од натпреварот не му дозволија на противникот да се доближи и ја одржуваа предноста на +3, за во финишот дојдат и до убедливи +6, односно 25:19.
Најефикасни во екипата на Вардар беа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ со по седум гола, а одлична на голот и на оваа средба беше Амандин Лејно, која на крајот имаше 14 интервенции. Финалето во Будимпешта меѓу Вардар и Ѓер се игра утре (недела) од 18.00 часот во „Ласло Паб“ арената.