Вардар го „потопи„ Загреб на негов терен

0

Европскиот ракометен шампион Вардар обезбеди нова победа во групниот сегмент во елитата на Стариот континент. „Црвени-црните“ славеа на теренот на Загреб со 29 спрема 23 и со 13 бодови се зацврстија на челната позиција на табелата во групата „А“.

Голамнот Арпад Штербик имаше блескава партија со 18 одбрани од кои 13 во првиот дел. Иван Чупиќ со седум  голови и Вуко Борозан со шест погодоци беа најефикасни во нашиот табор. Вардар во наредното коло во Лигата на шампионите на 18 Ноември ќе му биде домаќин на Рајн Некар Левен.

Во другите мечеви од 7 коло во нашата група, Нант славеше кај Сегед со 33-30 додека Кристијанштад ја совлада Висла со 25 спрема 24. В недела ќе бидат одигран дуелот меѓу Барселона и Рајн Некар Левен.
На табелата вардар има 13 бодови пред Рајн Некар Левен со 9 и натпревар помалку.

 

Share.

Leave A Reply