Актуелниот шампион на СЕХА лигата , Вардар славеше во полуфиналето од завршниот турнир кој денес стартуваше во Скопје и со тоа доби шанса да ја брани титулата освоена минатата година во Брест.
„Црвено-црните“ стигнаа до оваа можност по убедливата победа над белорускиот шампион Мешков Брест со 33:24. Како што се oчекуваше Вардар иште од почетокот покажа дека сака брзо да го реши победникот на оваа средба и по почетните испитувања на силите дојде до предност од 10:6, но потоа Мешков Брест успеа да го намали резултатот на 12:10, а по тајм-аутот на Вардар , „црвено-црните“ напрваија серија од 4:0 и дојдоа до предност од 16:10, за на одмор да заминат со резултат од 17:14.
Гостите не можеа да парираат во продолжението од мечот, затоа што за противник го имаа расположениот Вардаркој ја зголемуваше предноста која во еден момент (51 минута) беше +10 (30:20), з ана крајот мечот да заврши со победа на Вардар од 33:24.
Најдобар стрелец во Вардар беше Лука Циндриќ со шест голови, Борозан постигна пет, додека по четирии имаа Карачиќ, Чупиќ и Шишкарев. Арпад Штербик исто така беше одличен на голот со 18 одбрани. Кај Мешков Брест се истакнаа Баранау со осум и Шумак со три голови.
Финалниот натпревар се игра в недела со почеток во 20.15 часот, а противникот на Вардар ќе биде победникот од дуелот меѓу Загреб и Целје, додека натпреварот за трето место започнува во 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.