Вардар го преслуша и Рајн Некар, останува непоразен во ЛШ

0

Европскиот ракометен шампион Вардар ја продолжува серијата на победи во Лигата на шампионите оваа сезона, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го совлада и германскиот шампион Рај Некар Левен со 30:26.

Вардар уште од самиот почеток на мечот покажа дека нема да дозволи изненадување на оваа  средба и дојде до предност од неколку голови која ја одржуваше во текот на целото прво полувреме кое го доби со 17:13. Тоа значеше дека Вардар одигра ефикасно во нападот, а солидно во одбраната со само 13 примени голови од екипа како што е Рајн Некар.

Во вториот дел Вардар имаше контрола над резултатот и ја одржуваше предноста која на момент изнесуваше и 6 гола, но сепак на крајот гостите успеаа да го ублажат поразот и да дојдат до -4, односно 30:26.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Вуко Борозан кој постигна седум гола, додека Иван Чупиќ заврши со шест гола, а Даинис Кристопанс зад своето име запиша пет гола. Кај Рајн Некар Левен, Баена Гонзалез и Шмид дадоа по пет гола, а Сигудрсон беше стрелец на четири гола.

Следното коло во Лигата на шампионите ни носи повторно дерби затоа што Вардар гостува на 26 ноември во Германија кај Рајн Некар Левен. 

Share.

Leave A Reply