Вардар го совлада Мешков Брест и се врати на победите во ЛШ

0

Македонскиот ракометен шампион Вардар се врати на победите во Лигата на шампионите откако на домашен терен го совлада Мешков Брест со 30:23. На овој начин Вардар му се реваншираше на тимот од Белорусија за поразот од пред неколку дена во СЕХА лигата.

Натпреварот помина во изедначена игра се до 45 минута кога Вардар направи серија и успеа да го скрши отпорот на гостинската екипа. Првиот дел се играше изедначено , па затоа и се отиде на одмор со 14:14.

Во вториот дел м ногу подобра игра на Вардар во одбрана и веднаш тоа се почуствува на самиот резултат кога Варадр се одлепи и дојде до предност од 23:19, а понатаму се до крајот ја одржуваше оваа предност која на крајот беше и +7, односно 30:23.

Во редовите на Вардар најдобар стрелец беше Игор Карачиќ со 11 гола, а Чупиќ и Дибиров дадоа по шест гола, одличен на голот на Вардар беше Калифа Гедбане со 10 интервенции. Кај гостинскиот тим најдобар беше Шкурински со пет погодока.

За Вардар ова беше петта победа во Лигата на шампиони. Во наредното коло нашиот шампион игра повторно на домашен терен, против Барселона.

Share.

Leave A Reply