Вардар гостува во Барселона во мечот на колото во ЛШ

0

Ракометарите на Вардар попладнево (18 ч.) го играат мечот на колото против Барселона во Лигата на шампионите. Двете екипи се во врвот на табелата во групата и очекуваат освојување на нови бодови. Вардар бара бодови за освојување на првото место што носи директен пласман во четвртфиналето, а домашните сакаат да останат во игра за директен пласман и да чекаат „кикс“ на некои од ривалите.

На првиот дуел сезонава во Скопје „црвено-црните” победија со 27-24. Ова ќе биде 13 меѓусебен натпревар меѓу Барселона и Вардар. На последните две средби победи Вардар и имаме и едно реми. Сѐ претходно беше во знакот на Шпанците.

Share.

Leave A Reply