Вардар и Металург за првиот трофеј на домашна сцена ќе играат во нов термин, откако Ракометната федерација на Македонија одлучи наместо од 17:00 часот, скопските ривали да се играат во 20:30 часот.
Местото и датумот на одигрувањето на дуелот меѓу победникот на Купот и шампионот не е променето, па така на 18 септември Спортската сала во Куманово ќе биде теренот каде ќе се сретнат шампионот и Куп победникот и ќе го добиеме новиот освојувач на Суперкупот на Македонија.
Токму во оваа сала, минатата сезона младиот тим на Металург приреди големо изненадување и му нанесе неочекуван пораз на Вардар во финалето, со што го освои Куп-трофејот.