Ракометниот состав на Вардар по мечот со Киелце пријавил дека има неколку заразени играчи кои беа на гостувањето во Полска. Тоа првично го потврди и противникот на Вардарци кој сега ќе оди во изолација.
„Киелце доби информација за четири позитивни играчи на коронавирус во редовите на Вардар, кои во средата, на 25 ноември, играа во салата „Легионов“. Поради тоа, целата екипа на Киелце оди во самоизолација која ќе трае до 1 декември“, соопштија од Киелце.
Македонскиот состав ќе мора да оди во изолација а ЕХФ ќе треба да ги одложи неговите дуели со ПСЖ и Порто.