Вардар испушти да обезбеди прво место, ќе мора да слави дома

0

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар не ја искористи првата „меч-топка“ за обезбедување на првото место во својата група и директен пласман во четвртфинале, откако загуби како гостин во Белорусија кај екипата на Мешков Брест со 30:26.

Белорусите одиграа одличен натпревар, иако во нивните редови ги немаше Павел Атман, Иман Џамали и Дмитри Николенкау. Сепак одлични замени имаа во Кристопанс, Остроушко и Кулак кои заедно постигнаа 23 гола од вкупно 30 гола кои ги постигна Мешков Брест на оваа средба.

Најдобар стрелец на натпреварот беше идниот играч на Вардар, Кристопанс со осум гола, заедно со Остроушко кој исто така даде осум гола. Кај Вардар, најефикасни беа Иван Чупиќ и Игор Карачиќ со по пет постигнати гола, додека Тимур Дибиров беше стрелец на четири гола.

Во следното последно коло Вардар на домашен терен игра против Кристијанштад и со победа ќе го обезбеди првото место во групата и директниот пласман во ¼ финалето од Лигата на шампионите.

Share.

Leave A Reply