Вардар јуриша на победа против „лавовите“ на Рајн Некар

0

По кусата зимска пауза и натпреварите на светското првенство, денеска ракометарите на Вардар (19 ч.) им се враќаат на настапите во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ му гостуваат на германски Рајн Некар во меч од 11. коло во групата „А“ во која Вардар е втор на табелата со 13 бода.

Германците имаат бод помалку и ова ќе биде исклучително возбудлив меч во битка за што подобар пласман на крајот на групната фаза. Вардар на ова гостување змаина без триото Борозан, Мораеш, Горбок, но тренерот Парондо најави беспоштедна борба за победа.

Во досегашните меѓусебни средби, Вардар победил 6 пати, еден меч завршил нерешено, додека две победи имаат Германците. На теренот во Германија, Вардар има две победи и едно реми. Лани одиграа нерешено, а победи во 2015 и 2016 година На првиот меч во Скопје одигран на 6 октомври, Вардар запиша победа со 29-27.

Share.

Leave A Reply