Вардар со „камата“ му врати на Металург (38-25)

0

Ракометарите на Вардар со извонредна игра и убедлива победа од 38-25 над Металург, практично ја освоија домашната шампионска титула. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на Раул Гонзалес беа многу подобри од своите ривали и во ниту еден момент од натпреварот не им дадоа шанса да се понадеваат дека по победата во „Автокоманда“ на првиот меѓусебен меч ќе можат да извлечат добар резултат и на ова гостување.

Вардар не само што дојде до победа поголема од 4 гола разлика, туку тотално го „растури“ противникот совладувајќи гос о 13 гола предност. Доминацијата беше крунисана и со цепелин во последниот напад кој го реализираше Лика Циндриќ.

Најефикасен во победата на Вардар беше Дибиров со 8 гола, додека Карачиќ постигна 7. Кај Металург прв на листата на стрелци беше Илиќ со 7 гола.

Share.

Leave A Reply