Македонскиот ракометен шампион, Вардар денес е пред нов сериозен испит во Лигата на шампионите. Попладне од 17 часот Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Мешков Брест, а доколку Вардар немаше проблеми со повредени играчи ќе можевме да кажеме дека е пред сигурна победа, но сепак работите се многу по комплицирани за Вардар ако се знае моменталната ситуација со повредени играчи.
Новиот стратег на вардарци, Едуард Кокшаров го објави конечниот список на ракометари, со кои ќе се обид еда дојде до победа против белорускиот шампион, а во неговиот тим ќе ги нема руските репрезентативци Павел Атман и Сергеј Горпишин. Добра вест за „црвено-црните“ е враќањето на повредените Горбок и Калараш кои ќе бидат подготвени да го дадат максимумот против Мешков Брест.
Со победа Вардар ќе може да се врати на второто место на табелата во групата Б и затоа е важно да се совлада противникот, но и да се прекине серијата на порази во Лигата на шампионите.
Натпреварот започнува во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе можете да го следите низ нашата програма.