Вардар ќе патува на завршниот турнир во ЛШ

0

Македонскиот ракометен шампион Вардар трета сезона по ред ќе настапи на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ иако загубија во реваншот во Унгарија од ПИК Сегед со 29 спрема 25 успеаа да излезат како севкупни победници благодарение на триумфот во Скопје со 31 спрема 23. Во нашиот тим ништо не одеше според планот во првиот дел кога домаќинот направи посакувана предност од 17-9, но, затоа во вториот бековите се разиграа, крилата се „разлетаа“ а голманот Милосављев ја „спушти ролетната“ во критичните мигови.

Во последната минута од натпреварот по еден старт на Мораес се случија и немили сцени на средината на теренот но, повеќе имаше вербална отколку физичка пресметка.

 

Share.

Leave A Reply