Вардар контра препораката на Владата на РМ

0

Ракометниот тим на Вардар не ја прифаќа препораката на Владата на Македонија сите спортски настани до 6 март да се реализираат без публика.

Како превенција за ширење на корона-вирусот, Министерот за здравство, Венко Филипче, достави предлот за забрана на сите големи јавни собири и спортски настани а Владата на денешната седница делумно го прифати барањето и препорача спортските натпревари да се одиграат без публика.

Тоа нема да го направи ракометниот тим на Вардар кој најави дека на утрешниот меч во ЛШ со Монпелје ќе биде дозволено присуство на навивачите бидејќи станува збор за меѓународна конкуренција.

Share.

Leave A Reply