Вардар – Мешков Брест 36-31

0

Ракометарите на Вардар со денешната победа против Мешков Брест со 36 спрема 31 ја прекинаа лошата серија од врзани пораза (Кил и Веспрема)  во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ одиграа според очекувањата и ја оправдаа улогата на фаворит. Во финишот на мечот, Мешков Брест се обиде да направи нешто со играта – „седум на шест“, но, тоа не им помогна на Белорусите. Нашиот бек,  Даинис Кристопанс, се издвои со девет голови пред Чупиќ со седум и Скубе со шест. Голманите, Гедбане и Кизиќ имаа по четири одбрани. Кај Мешков Брест во поглед на реализација се наметна Валупау со осум голови.

Вардар во наредното коло од Лигата на шампионите повторно ќе биде домаќин на 9 ноември кога ќе гостува Киелце од Полска.

Share.

Leave A Reply