Вардар и Металург ќе атакуваат на нови победи

0

Македонските ракометни екипи денеска ги очекуваат нови натпревари во групната фаза во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски првак, Вардар, на домашен терен од 17.30 часот ќе се сретне со шведскиот Кристијанштад. Вардарци со нова победа ќе се зацврстат на челната позиција на табелата која ќе им овозможи директен пласман во четвртфиналната фаза. Гостите досега не успеаа да се наметнат и се наоѓаат на шестото место со реални шанси да продолжат во елиминацискиот дел.

Ракометарите на Металург ги очекува гостување во Португалија на теренот на Спортинг. Средбата на Пиринеите ќе стартува во 21 часот а домаќините ја имаат улогата на фаворити. Двата тима со денешниот меч ќе ја завршат сезоната во Лигата на шампионите бидејќи не успеаа да обезбедат пласман во наредната фаза.

Share.

Leave A Reply