Вардар освои нови бодови во ЛШ

0

Ракометарите на Вардар го совладаа Загреб на домашен терен во СЦ Јане Сандански со 25 спрема 20 и се вратија на челната позиција во групата „Б“.

„Црвено-црните“ отворија одлично со предност од 5-6 голови и јасно им ставија до знаење на Хрватите дека нема што да бараат на денешниот меч во Скопје. Штербик беше одличен на голот, одбраната функционираше беспрекорно а нападот делуваше моќно. Разликата главно се движеше од 5 до 7 голови во текот на целиот меч во корист на Вардарци.

Најефикасен беше Душебаев со седум голови пред Циндриќ и Карачиќ со по четири. Кај гостите некогашниот вардарец, Добривоје Марковиќ заврши со шест постигнати голови. Нашиот шампион во наредното коло на 18 февруари ќе гостува кај Пик Сегед.

Share.

Leave A Reply