Вардар му се одмази на Киелце

0

Ракометарите на Вардар оствартија слатка одмазда против екипата ан Киелце во последниот меч за оваа година во ракометната Лига на шампиони. На дуелот во Скопје, „црвено-црните“ дојдоа до важна победа над полскиот тим од 28-27 и со тоа остануваат во борба за второто место во групата „А“.

„Вардарци“ водеа во текот на целиот меч, но во финишот дозволија мал пад, по што гостите се приближија на само еден гол разлика. Сепак, по неколкуте тајм-аути нашиот шампион се созема и успеа да ја одржи предноста за победа.

Кај Вардар најдобар стрелец беше Даинис Кристопанс со пет гола, Скубе даде четири, а Шишкарев финишира со три гола. Кај гостите најефикасен беше Дујшебаев со пет гола.

Share.

Leave A Reply