Македонскиот ракометен шампион Вардар на крајот од Ф4 турнирот во Келн ќе биде на 4-то место. Вардар загуби во малото финале против големиот конкурент ПСЖ со 28:29 , дуел кој посакувавме да биде финале, а не натпревар за трето место. Сепак Вардар не успеа да ја одбрани титулата и на крајот на оваа сезона ќе заврши на 4.место.
„Црвено-црните“ добро го започнаа натпреварот имаа предност од 7:3, но ПСЖ се врати во финишот од првиот дел и Вардар замина со минимална предност од 15:14. Во вториот дел повторно Варадр беше во предност , а ПСЖ успешно се врати и дојде до изрманување и водство, но се играше изедначено и до 55. минута (24:24), потоа беше и 25:25, но следеа две грешки на нашите ракометари кои беа казнети од Ремили и Генсхајмер кои и практично го решија мечот.
Најдобар кај ПСЖ беше Ремили кој постигна девет гола, додека Сагосен реализираше пет, а кај Вардар прв стрелец беше Циндриќ со седум гола, а Македа постигна шест, додека Чупиќ пет гола. Одличен на голот на Вардар и достојна замена за Штербик беше Страхиња Милиќ.