Македонскиот и европскиот ракометен шампион Вардар одигра уште еден натпревар во кој имаше добар и лош период, а о тоа и не можеше да му парира на Порто на гостувањето во Португалија.
Вардар загуби со 30:22 во денешниот натпревар од Лигата на шампионите и во моментов му ја препушти 5-та позиција на Порто. Во првиот дел од натпреварот Вардар држеше резултатски приклучок, но на стартот на вториот дел домашната екипа направи серија од 6:1 и успеа да дојде до убедлива предност која ја надградуваше до крајот на натпреварот.
Најдобри кај домашната екипа беа Гомеш, Боргес и Ареа со по пет гола, а голманот Квинтана имаше дури 15 одбрани. Кај Вардар кај стрелците најмногу се истакна Шишкарев со седум, Дибиров, Скубе и Калараш постигнаа по три гола, додека голманот Кизиќ беше одличен на голот на Вардар, посебно во првото полувреме со десет одбрани.
Во последното коло од групите на ЛШ, Вардар ќе биде домаќин на францускиот Монпеље, додека Порто гостува кај Мешков Брест во Белорусија и тие два натпревари ќе одлучуваат кој ќе биде на 5-то, а кој на 6-то место во оваа група.