Ракометарите на Вардар го одиграа можеби најлошиот натпревар во СЕХА лигата и заслужено загубија од Мотор Запорожје на гостувањето во Украина.
Конечниот резултат од 30:23 ја покажува целата слика на овој натпревар во кој Вардар влезе лошо со тоа што губеше со 6:0 во 11 минута кога го постигнаа првиот гол, а тоа беше знак дека не може да се очекува добар резултат на ова гостување. Така продолжија и во останатиот дел од првото полувреме кое го загубија со 16:9, за во вториот дел да продолжат со иста игра и да му дозволат на противникот да има највисока предност од 10 голови разлика (23:13).
До крајот на натпреварот победникот беше решен, само остана да се виде со кој резултат Вардар ќе го загуби овој натпревар, за да завршат со негатива од 7 голови разлика односно 30:23.
Следниот натпревар за Вардар во СЕХА лигата ќе биде повторно со Мотор, но во Скопје на 19.март кога ќе се обидат да му се реваншираат на икраинскиот тим за овој денешен пораз.