Вардар одигра шампионски и го совлада убедливо Гумерсбах

0

Европскиот и македонски шампион, Вардар дојде до првата победа во третиот натпфревар во рамките на подготовките за новата сезона.

Вардар убедливо го совлада домашниот тим на Гумерсбах (37:26) во борбата за третото место на турнирот кој се игра во Германија. За разлика од вчера, кога Вардар дожиева убедлив пораз во полуфиналето, денес покажа вистинско шампионско издание и на крај заслужено се радуваше на победата.

Тренерот на нашиот шампион, Раул Гонзалез и на оваа средба им даде шанса на сите свои ракометари и правеше одедени експерименти пред се во одбраната. Вардарци уште по првоиот дел направија значајна предност (18:11) која во вториот дел само ја одржуваше и ја надградуваше за на крај стигнат до победа од 11 голови разлика , односно 37:26.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Вуко Борозан, кој иако одигра само едно полувреме, беше најефикасен со 8 погодоци. Дибиров постигна 7, Војводиќ 5, а по три гола постигнаа Шишкарев, Карачиќ и Кристопанс.

Share.

Leave A Reply