Ракометарите на Вардар попладнево од 16:15 часот во Запорожје го играат вториот меч од новата сезона во СЕХА лигата. Европскиот шампион гостува кај новајлијата во регионалната елита, Мотор, кој ќе го дочека ослабениот тим на „црвено-црните“.
Имено, Вардар замина на своето прво гостување во новата сезона без голманот Калифа Гебдан поради проблем со визата, а во Скопје остана и
Сташ Скубе. Словенечкиот плејмејкер исто така не настапи со Пекинг во вторникот, па ќе мора да го прескокне и денешниот меч.