Вардар остана со празни раце во Шпанија

0

Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во тековнава сезона во Лигата на шампионите. Тие денеска загубија на теренот на Барселона со 29 спрема 28.

„Црвено-црните“ благодарение на голманот Штербик оддржува неизвесност се до средината на вториот дел кога Каталонците успеаа да се одлепат на 3-4 голови. Од тој миг до крајот, нашиот состав успеа да се доближи до еден негатива но, немаше сили за комплетен пресврт. Кристопанс со седум гола беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“ додека Циндриќ постигна пет.

Вардарци со 18 бодови остануваат лидери во групата пред Нант со 17 кој денеска победи кај Кристијанштад со 31 спрема 26. Во наредното коло нашиот тим ќе му биде домаќин на унгарскиот Пик Сегед.

 

Share.

Leave A Reply