Вардар отпатува за Барселона, посакуваат „одмазда“ за домашниот пораз

0

Ракометарите на Вардар утрово замина за Барселона, каде в сабота ќе бидат гости на каталонскиот гигант во рамките од осмото коло од Лигата на шампионите.

Овие две екипи се сретнаа и изминатиот викенд во Скопје, при што „вардарци“ го претрпеа својот прв домашен пораз сезонава, а тоа е само мотив повеќе за да се даде се од себе за во Барселона да се обидат и да се реваншираат за домашниот пораз. Во експедицијата на Вардар се наоѓаат 16 ракометари кои преку Истанбул денес отпатуваа за Барселона.

На списокот на они 16 ракометари кои отпатуваа за Барселона има една измена, на местото на повредениот Мораше сега се најде Мишевски, а останатите се истите кои настапија на средбата во Скопје: Дибиров, Војводиќ, Борозан, Дисингер, Скубе, Карачиќ, Криштопанс, Кисељев, Чупиќ, Шишкарев, Поповски, Стоилов, Калараш, Мишевски, Милосављев и Гедбан.

Екипата ќе има и два тренинга во Барселона, попладнево и утре пред одигрување на средбата во сабота.

Дуелот со Барселона е закажан за в сабота од 19 часот.

Share.

Leave A Reply