Вардар по четвртипат ја освои СЕХА Газпром лигата

0

Ракометарите на Вардар на маестрален начин ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако во цврст меч успеаја да слават над ППД Загреб со 26-24. Македонскиот и европскиот првак стана и рекордер во СЕХА Газпром лигата освојувајќи ја четвртата титула, па по оние во Загреб, Нови Сад и Брест.

Кај Вардар Кристопанс и Циндриќ со по 5 гола беа најефикански во овој финален меч, додека Чупиќ, Дибиров и Борозан постигнаа по 3 гола. Кај поразените, Хорват постигна 7, додека Равниќ, Бичаниќ и Павловиќ завршија со по 3 гола.

Организаторите на Ф4 турнирот се погрижија за фантастична атмосфера и незаборавно шоу и во финалниот дел на од натпреварите, а СЦ „Јане Сандански“ беше исполнет до последното место на големото финале.

Share.

Leave A Reply