Вардар со победа ја заврши групната фаза во ЛШ

0

Ракометниот шампион на Македонија, тимот на Вардар ја забележа својата десетта победа во Лигата на шампионите оваа сезона откако го совлада Кристијанштад со резултат од 32:29 (17:13), а со тоа го потврди првото место во групата Б и обезбедениот директен пласман во четвртфиналето.

Вардар добро го почна натпреварот и во текот на целото прво полувреме имаше предност која на крајот на првиот дел изнесуваше 4 голови разлика односно 17:13. Во вториот дел Вардар го имаше резултатот под контрола, но гостите се заканија и во финишот намалија на само еден гол разлика, но сепак Вардар не дозволи изненадување за на клрајот од мечот да слави со 32:29.

Во нашиот тим најефикасен на натпреварот беше Вуко Борозан со 6 погодоци, додека Македа и Чупиќ постигнаа по 4 гола. Во редовите на гостинскиот тим 7 гола постигна Соренсен. Вардар сега треба да го чека својот противник во 1/4 финалето, а тоа ќе биде подобриот од 1/8 финалната пресметка меѓу Фленсбург и Мешков Брест.

 

Share.

Leave A Reply