Вардар победи во „Морача„ во ¼ финале ќе игра против Митјиланд

0

ЖРК Вардар успеа да слави и на гостувањето во „Морача“ во Подгорица каде беше подобар од домашната екипа на Будуќност со 25:30 (12:15).

На тој начин со стуил го завршија настапот во групната фаза од Лигата на шампионите. Уште еден натпревар во кој избраничките на двоецот Дибирова – Парондо демонстрираше смиреност, квалитет и зрелост во играта.

Будуќност и Вардар играа изедначено се до резучтатот 11:11 во првото полувреме, а потоа следуваше серија од 4:0 за нашиот тим и водство од 15:11, а на полувреме заминаа со предност од 15:12.

Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста која на момент беше и плус 5 (19:24), а на крајот мечот го завршија со истата предност 25:30.

Најефикасни ракометарки кај ЖРК Вардар беа Пенезиќ со десет и Хмирова и Лакрабер со по пет гола, а во домашната екипа на Будуќност, Милена Раичевиќ постигна десет гола. Суслина на голот на Вардар имаше 11 интервенции.

По одигрувањето на последните натпревари и во другата група, познат е противникот на ЖРК Вардар во ¼ финалето, а тоа е Данскиот Митјиланд кој го победи Никобинг со 24:20 и како чевртопласиран во главната групна фаза ќе биде ривалот на Вардар на патот до Будимпешта. Првиот натпревар се игра од 6-8 април во Данска, а реваншот ќе биде од 13-15 април во Скопје.

Share.

Leave A Reply