Вардар победнички во Манхајм, се враќа со бодовите од Германија

0

Ракометарите на Вардар одлично го почнаа натпреварот и веднаш дојдоа до водство кое од минута во минута го зголемуваа и не му дозволија на домашниот тим во ниту еден момент да дојде до предност.

Вардар првата поголема разлика ја направи по 15 минути игра кога поведе со 4 голови разлика, додека во 23 минута имаше водсво од 6 гола разлика (8:14), за да во 26 минута води и со максимални +7 (9:16). Сепак во финишот од првиот дел Рајн Некар ја консолидираше одбраната и не му дозволи на Вардар да постигне гол цели 4 минути, а од друга страна постигнаа 3 и на одмор заминаа со 12:16.

„Црвено-црните“ одлично го почнаа и вориот дел и во 38 минута имаа повторно убедливи +7 (14:21) потоа следуваше мал пад во играта, а тоа го искористи домашниот тим кој успеа да се доближи на 17:21. Сепак се чини дека натпреварот Вардар го реши кога повторно дојде до предност од 7 гола разлика на 10 минути пред крај (20:27). До крајот ан мечот Вардар ја контролираше играта и резултатот и дојде до победа од 27:30.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Дибиров со седум гола, а Карачиќ и Стоилов дадоа по шест, додека кај Рајн Некар Левен, Шмид заврши со девет гола, а Колбахер постигна осум.

Со оваа победа Вардар се зацврсти на втората позицијана табелата со 15 бодиви, зад Барселона која води со 18 бода и натпревар помалку.

Share.

Leave A Reply