Вардар и подновен е повторно силен, падна европскиот шампион Монпелје

0

Ракометарите на Вардар со голема победа против актуелниот шампион на Европа го започнаа настапот во новата сезона во Лигата на шампионите. Поранешниот шампион славеше на гостувањето кај актуелниот европски првак Монпелје со 24:27.

Натпреварот започна без некоја екипа да направи поголема предност, се играше изедначено, па на одмор се замина со предност на Вардар од 11:12.

И во вториот дел од мечот Вардар беше тимот кој во главно ја имаше предноста , но не успеа да направи поголема разлика се до самиот крај од мечот кога поведе со 4 гола разлика (23:27) кои на крајот Монпелје успеа само да ги намали во последните секунди за конечни 24:27.

Најдобар стрелец во тимот на Вардар беше Вуко Борозан со осум, а Чупиќ постигна шест, Скубе пет погодоци, додека голманот Милосављев на крајот го заврши мечот со 16 одбрани. Кај домашната екипа на Монпелје се истакнаа Кавтичник со шест и Порт со три гола. Веќе следниот викенд ракометарите на Вардар се пред нов предизвик во ЛШ, на домашен терен го пречекуваат шведскиот Кристијанштад.

Share.

Leave A Reply