Ракометарите на Вардар успеаа да го совладаат Порто во ЦС Јане Сандански со 32 срема 27 со што го продолжија победничкиот чекор во новата сезона во Лигата на шампионите.
По триумфот кај Монтпелје, актуелниот европски шампион сега прокнижи нови бодови откако одигра одлично второро полувреме во кое успеа да го скрши отпорот на гостинот од португалскиото дел на Пиринеите. Најпрецизни во победничкиотсостав беа Криштопанс и Чупиќ по 7 голови додека кај Порто се издвоија Бранкињос со 6 и Мартинс со 4.
„Црвено-црните“ наредниот предизвик ќе го имаат на 29 септември кога ќе му гостуваат на тимот на Мотор Запорожје.