Вардар посакува трета победа против Барселона

0

Дуелот меѓу Вардар и Барселона што треба да се игра утре (сабота) 10 февруари 2018 година е прогласен за натпревар на колото во лигата на шампионите.

Двете екипи се во врвот на табелата во групата и очекуваат освојување на бодови. Вардар бара бодови за да ги задржи шансите за освојување на првото место што носи директен пласман во четврт-финалето, а домашната екипа сака да останат во игра за директен пласман и да чекаат кикс на некои од ривалите.

На првиот дуел сезонава во Скопје на 14 октомври „црвено-црните” победија со 27:24. Ова ќе биде 13 меѓусебен натпревар меѓу Барселона и Вардар. На последните две средби победи Вардар, а нашиот тим има и едно реми. Останатите претходни натпревари беа во знакот на Шпанците.

Гледано статистички Вардар има серија од 15 натпревари без пораз во лигата на шампионите, а Барселона загуби на последниот меч со Нант на почетокот на декември. Победничката серија на Вардар против Барселона почна во јуни во полуфиналето на ЛШ, кога со гол во последната секунда Лука Циндриќ им донесе на „црвено-црните” финале. Вардар досега нема освојувано бодови на официјални натпревари во Шпанија. Ниту против Барселона, ниту против Адемар леон и Грањнолерс.

Во моментов Вардар е единствен тим без пораз сезонава во ЛШ, се надеваме дека така ќе остане и по оваа средба.
Вардар и Барселона сезонава на сите домашни дуели освојуваа бодови, значи максимално го користат домашниот терен. Натпреварот Барселона – Вардар се игра утре со почеток во 18 часот.

Share.

Leave A Reply