Во реприза на ланското финале од ЛШ, ракометарите на Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ (17 часот) го играат мечот со Веспрем во новото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Ситуацијата во Вардар е далеку од идеална, а и последните порази во ова натпреварување тоа го потврдуваат. Играчките проблеми си го направија своето, па останува да се види како денеска момците на Кокшаров ќе му се спротивстават на големиот фаворит.
На денешниот меч, европскиот првак ќе биде без Кристијан Дисингер кој имаше операција и сега му следува пауза од 4-5 месеци, но најавено е враќање на Даинис Криштопанс, кој сезонава е главен играч во Вардар.