Вардар продолжи со победите, минимално совладан и Мотор

0

Ракометарите на Вардар остварија тесна победа на гостувањето кај Мотор во Запорожје и продолжи со победите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Во драматичен меч, „црвено-црните“ на крајот победија со 31:30, иако во текот на целиот меч предноста беше за домашните, додека Вардар се обидуваше да ја анулира негативата.

Домашните имаа предност на полувремето од 18:16, а кај нашиот шампион беше забележлив проблемот со играта во одбраната. Финишот беше драматичен, но среќен за „црвено-црните“, затоа што домаќинот погоди со звукот на сирената, но голот беше поништен.

Тимур Дибиров со десет погодоци од 12 обиди беше прво име, зад него беше Данис Кристопанс со седум гола.

Share.

Leave A Reply