Ракометарите на Вардар ја продолжуваат победничката серија во Лигата на шампионите откако забележаа победа на гостувањето кај унгарскиот вицепрвак Веспрем со 25:27.
По двете победи на стартот на сезоната над европскиот шампион Монпелје и шведскиот Кристијанштад, пред Вардар вечерва падна и екипата на Веспрем.
И покрај тоа што на голот го имаа поранешниот „вардарец“ Арпад Штербик кој мечот го заврши со 8 одбрани, сепак Вепсрем мораше да му честита на Вардар за подобрата игра и победата на оваа средба.
Вардар уште во првото полувреме беше на вистинско ниво и имаше предност која на одмор изнесуваше 11:13. Во вториот дел домашната екипа направи пресврт и во еден момент имаше предност од 22:20, но Вардар повторно се врати и го сврте резултатот во своја полза за на крајот да забележи нова победа во Лигата на шампионите.
Најдобри стрелци во редовите на Вардар беа Борозан и Дибиров со по пет голови, а голманот Милосављев имаше 12 интервенции, додека кај Весрем се истакна Гајиќ со четири гола.Во следното коло Вардар на домашен терен ќе го пречека германскиот тим Рај Некар Левен