Вардар против Барселона во полуфиналето во Келн

0

Денес во Келн се одржа ждрепка за полуфиналните натпревари од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Досега оваа сезона се одиграни 196 натпревари, а по нив екипите на Вардар, Барселона, Веспрем и Киелце се пласираа на Ф4 турнирот во Келн.

Ждребката сакаше Барселона да му биде противник на Вардар во полуфиналето исто како што беше пред две години кога Вардар победи против Барселона, а потоа во финалето го совлада и ПСЖ за својата прва историска титула. Во второто полуфинале ќе се сретнат унгарскиот Веспрем и полскиот тим Килеце.

Полуфинални парови:
Барселона – Вардар
Веспрем – Киелце

Полуфиналните средби во „Ланксес Арена“ ќе се одиграат на 1 јуни, а финалето е закажано ден подоцна.

Дефинитивно е јасно дека по завршувањето на турнирот ќе добиеме нов шампион кој ќе го наследи францускиот Монпеље кој нема да може да ја брани титулата.

Share.

Leave A Reply