Вардар против Букурешт за пласман во финале на ЛШ

0

Ракометниот шампион на Македонија во женска конкуренција Вардар го доби противникот во 1/2 финалето на завршниот „фајнал-фор“ турнир во ЛШ кој ќе се игра во Будимпешта, Унгарија.

Нашите ракометарки  ќе играаат против екипата на ЦСМ Букурешт, која минатата година на Ф4-турнирот во Будимпешта успеа да го изненади тимот на Вардар и да ги спречи за влез во финалето. Новиот дуел може да биде  шанска за слатка одмазда за ланската елиминација.

Вардар и ЦСМ Букурешт досега имаат одиграно три натпревари во ЛШ. Македонскиот шампион имаше две победи пред минатогодишното 1/2 финале кога загуби со 27:21 и ја забележа единствената победа над македонскиот тим.

Натпреварите од завршниот Ф4 турнир кој по четврти пат по ред ќе се играат во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта се закажани за 6 и 7 мај. Полуфиналините средби ќе се играат на 6 мај, додека финалето и дуелот за третото место се игра ден подоцна односно на 7 мај.

Share.

Leave A Reply