Вардар против Загреб за продолжување на победничката серија

0

Ракометарите на Вардар денес го продолжуваат својот настап во Лигата на Шампионите, а натпреварот против ППД Загреб е добра шанса за „црвено-црните” да ја продолжат победничката серија во ова натпреварување започната уште минатата сезона. Европскиот првак има серија од седум победи по ред, од што два се во новата сезона каде го брани освоениот пехар.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалез има одредени проблеми пред оваа средба, но исто така добро го познава противникот:

„ППД Загреб имаат многу добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои се квалитетни. Очекувам многу тежок натпревар. Тие играат 6-0 зона, ама можат да сменат во 5-1. Нивната одбрана е супер и добро организира на 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, имаме добра шанса да останеме први и не треба да се опуштаме. Ние сме фаворит, но треба да го почитуваме противникот. Сакам да играме добар натпревар, и да победиме. Можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Ги покануваме сите навивачи да дојдат, зашто кога салата е полна и ние играме многу подобро“, истакна Раул Гонзалез – тренер на Вардар.

Средниот бек на Вардар Игор Карачиќ периодов тренира сам, и неизвесно е дали ќе се приклучи на екипата за овој натпревар. Додека во отсуство на голманот Страхиња Милиќ кој исто така има повреда на грбот ќе биде надополнето со младиот Даниел Ѓорѓевски кој ќе му помага на Арпад Штербик. Натпреварот Вардар ППД Загреб започнува денес од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Share.

Leave A Reply