Вардар „релаксирано“ против Кристијанштад

0

Ракометарите на Вардар попладнево ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Кристијанштад.

„Црвено-црните“ со досега освоените 18 бодови го обезбедија првото место во групата што значи дека ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето. За гостите од Шведска еден бод ќе значи и пласман во осминафиналето, па за нив овој меч има посебно значење. Дуелот стартува од 17:30 часот, а заедно со оваа средба денеска ќе се одиграат уште две средби.

Во групата А во ова 14 коло ќе се сретнат и ПСЖ – Кил и Силкеборг – Кадетен Шафхаузен. Во првата група Барселона како прва продолжува директно во четврфиналето.

Share.

Leave A Reply