Вардар сака победничкото темпо да продолжи и против Рајн Некар

0

Пред ракометарите на Вардар следува уште еден голем меч во Лигата на шампионите. В сабота во Скопје гостува екипата на Рајн Некар од Германија, против која „вардарци“ очекуваат уште една голема борба.

„Рајн некар има многу квалитетен тим. Затоа мора да бидеме многу фокусирани. Тоа е тим кој игра во различни ситуации, менуваат многу во текот на играта и играат силно 6 на 6“, вели Парондо.

Капитенот на нашиот шампион, Тимур Дибиров, потенцира дека Германците се исклучително квалитетен ривал, но Вардар знае што го очекува.

„Многу добар противник, познат противник. Знаеме што да очекуваме. Оваа екипа има одличен тренер и одличен состав. Секој меч за нас е како последен и излегуваме со 100 посто мотивација, сила и ќе се обидеме со поддршка на публиката да го задржиме победничкото темпо“, потенцира Тимур Дибиров.

Share.

Leave A Reply