Вардар се спаси од пораз, а можеше и да победи во Сегед

0

Европскиот ракометен шампион Вардар за првпат не успеа да го освои целиот плен од натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардар по три одлични натпревари, денес одигра нерешено на гостувањето Пик Сегед, натпреварот заврши со 26:26. Ракометарите на Вардар беа далеку од она што го играа на првите три натпревари и беа пред пораз на оваа средба, но сепак на крај извлекоа бод, а можеа и да победат.

Вардар лошо го започна натпреварот и му дозволи на Пик Сегед да го има натпреварот под контрола со тоа што беше во водство во текот на целото прво полувреме, а во еден период и од 13:10, за на одмор да се замине со 14:13.

Слично беше и во вториот дел во кој домашната екипа имаше предност од 2-3 гола разлика, но Вардар во финишот од средната , односно во последната минута израмни на 26:26, за да на крајот Дибиров добие шанса да донесе победа за Вардар, но промаши зицер со ударот над голот на голманот Сиера од контра напад, па му дозволи на противникот да освои бод пред домашната публика.

Најдобар во составот на Вардар беше Вуко Борозан со осум гола, а Циндриќ заврши со седум. Со овој бод Вардар останува на првото место во групата во Лигата на шампионите, а во наредното коло во Скопје гостува Барселона.

Share.

Leave A Reply