Вардар се враќа со гол предност од Германија

0

Ракометарите на Вардар се враќаат од Германија со гол предност откако успеаја да го совладаат тимот на Кил со 28:29 (12:14).

Благодарение на голот постигнат со звукот на сирената, Вардар дојде до победа на оваа средба која само најавува интересен реванш во Скопје за седум дена. Вардарци одиграа одлично во првото полувреме, имаа предност во текот на сите 30 минути и на одмор заминаа со предност од 14:12.

Во вториот дел се одеше добро се до 45 минута од средбата кога за прв пат домашната екипа дојде до водство од 21:20, а потоа имаше водство и од 3 гола разлика (23:20 и 24:21). Сепак Вардар искусно и смирено влезе во последните минути од натпреварот и на 25 секунди до крајот на мечот со голот на Дибиров израмни на 28:28. Кил тргна во последен напад без голман за да дојде до победа, но по грешно додавање топката заврши во аут, а Македа со прецизен удар го погоди празниот гол на Кил за победа од 29:28.

Најефикасни во редовите на Вардар на оваа средба беа Стоилов, Чупиќ и Мораеш со по пет гола, додека Дибиров постигна четири, а Арпад Штербик успеа да дојде до 10 одбрани. Кај Кил најефикасни беа Вујин, Екберг и Билјик со постигнати четири гола.

Вардар на реваншот во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ треба да ја потврди оваа победа и да обезбеди пласман на Ф4 во Келн, а зад себе на 29 април ќе ја има и својата публика која ќе ја испшолни салата до последно место.

Share.

Leave A Reply