Вардар се враќа на домашните активности

0

Ракометарите на Вардар откако во изминатиот викенд го освоија победничкиот пехар во СЕХА лигата на Ф4 турнирот во Белорусија, сега се насочуваат кон домашните активности во Супер лигата.

„Црвено-црните“ денеска од 19.00 часот во рамките на 3. коло ќе му гостуваат на тимот на Еурофарм Работник во Битола додека веќе утре на домашен терен во заостанат меч од 2. коло ќе ги одмерат силите со Пелистер.

Ќе потсетиме дека вардарци кои ја бранат титулата, изненадувачки загубија во првото коло во дербито со Металург. Токму тимот од Автокоманда е лидер на табелата со максимални 9. бодови пред Охрид со 6, Пелистер со 3, додека Вардар, Еурофарм Работник и Борец досега немаат освоено бод.

 

Share.

Leave A Reply