Ракометарите на Вардар победија на првата средба од четвртфиналето на СЕХА Гасопром лигата и тоа н гостински терен кај Нексе со 31:30. Како што се очекуваше ова беше уште еден тежок натпревар за актуелниот СЕХА шампион, но сепак остварија победа со која го чекаат реваншот во Скопје.
Вардар лошо го започна натпреварот и му дозволи на домашниот тим да дојде до предност која ја одржуваше во текот на целото прво полувреме. Во 10.минута резултатот беше 6:3 за Нексе, а во 21.минута домашната екипа имаше предност од 13:10. Сепак во финишот од првиот дел Вардар успеа да фати приклучок и да дојде до израмнување на резултатот на 15:15 со кој се отиде на одмор.
На стартот на вториот дел Вардар конечнио за прв пат дојде и до предност во 33.минута кога поведе со 17:16 по голот на Дибиров. Сепак следуваше уште една добра серија на Нексе кој по 19:19, успеа да направи серија од 2:0 и да дојде до предност од 21:19, а во 43.минута има предност и од 24:20.
Нексе имаше предност од 26:22, но Вардар направи серија од 4:0 и успеа да го израмни резултатот во 50.минута од натпреварот. Со голот на Калараш во 53.минута Вардар дојде до предност од 28:27, но веднаш потоа следуваше исклучувањето на Горбок кое му помогна на Нексе да израмни на 28:28.
Во продолжението од натпреварот Вардар додје до предност од 31:29 и го приврши мечот до крај за победа и конечни 31:30.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров со 12 гола од 12 обиди , од кои 4 беа од седум метри, додека Скубе постигна 6, а Горбок и Шишкарев по 4. Најефикасен кај Нексе беше Пешиќ со 7 гола.
Реванш натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се игра на 15.март (недела) од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“.