Вардар сепак на крајот подобар од Татран Прешов

0

Ракометарите на Вардар го одиграа последниот натпревар на домашен терен оваа календарска година и пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ славеа со 28:26 против Татран Прешов.

Вардар одигра уште едно лошо прво полувреме и добро второ кое на крај му донесе победа за обезбедување на првата позција во групата.

Гостите имаа водство од првата минута па се до 44.минута кога Вардар дојде до водство од 22:21, а претходно на одмор заминаа со предност од 17:13. Во вториот дел на голот на Вардар застана Гедбан кој имаше 8 одбрани и даде придонес во пресвртот на неговата екипа и конечната победа.

Во редовите на Вардар на оваа средба најефикасни беа Атман, Чупиќ и Шишкарев со 5 постигнати голови, додека кај Татран Прешов најефикасен беше Лапајне со 6 погодоци.

На Вардар сега му останува да одигра уште еден натпревар на гостински терен кај Нексе во Нашице за крај на групната фаза од СЕХА лигата, таа средба ќе ја одиграат на 15 декември.

Share.

Leave A Reply