Вардар со нов убедлив пораз ја заврши евро-сезоната во ЛШ

0

Ракометарите на Вардар со убедлив пораз 39-30 ја завршија сезоната во Лигата на шампионите. По дебаклот во Скопје на првиот меч, „црвено-црните“ не беа ништо подобри и на гостувањето во Унгарија, каде домашните од почеток до крај имаа комплетна контрола на мечот и на конечниот резултат.

Израмнето беше само во првите осум минути, но брзо по 6:6 стана јасно дека денеска Вардар нема шанси за никакво изненадување.

Во составот на домашните Нилсон и Шишкарев со по 6 гола беа најефикасни, кај Вардар со по 5 гола најдобри беа Стоилов и Дибиров.

Share.

Leave A Reply