Со тешки маки, ракометарите на Вардар дојдоа до осмата победа во тековната сезона од СЕХА Газпром лигата. На македонското дерби во СЦ „Борис ТРајковски“ во драматичен финиш, избраницте на Гарсија Парондо славеа со 27:26 против одличниот Металург, кој во најголем дел од мечот беше во водство.
„Металурзите“ освен на почетокот, комплетно го надиграа Вардар во првото полувреме. Во неколку наврати имаа и по 3 гола предност, за на пауза да заминат со 13:11. Во вториот дел домашните одржуваа предност се до 53 минута. Потоа следуваше мини-период на Вардар и пад во концентрацијата кај „металурзите“, што ги чинеше изненадување.
Во редовите на Вардар најефикасни беа Кристопанс, Дисингер и Чупиќ со по 5 гола, додека кај Металург, Шпенде имаше 6 гола, а Токиќ и Миличевиќ постигнаа по 4.